-->
-->
Игуаин во Наполи уште четири години
-->
Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин
ќе го продолжи договорот со Наполи до 2019 година, објавија италијанските медиуми, нагласувајќи дека е ставен крај на шпекулациите за неговото заминување од Неапол.
Игуаин според новиот договор ќе има годишна плата од 5,8 милиони евра место досегашните 5,5 милиони, пренесува римска „Република“.
Во последниве денови се пишуваше за евентуалното заминување на
Игуаин во Пари Сен Жермен или Арсенал.
Аргентинскиот фудбалер и поранешен играч на Реал Мадрид, на досегашните 103 натпревари во дресот на Наполи постигна 53 погодоци.
За Аргентина одиграл 52 натпревари, а постигнал 25 гола
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Измамен 77-годишник, дал 10.000 евра за наводно да ја спаси внуката од лажна сообраќајка
-
Отворен Октоберфест: Рекордни цени на пивото, милиони посетители и климатска агенда
-
Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи, наскоро прв онлајн состанок со странските експерти
-
Притвор во траење од 30 дена за 12 лица, куќен притвор за тројца од осомничените за пустошење шуми
-
Трамп ќе го прими Ердоган во Белата куќа на 25 септември
-
Приведен 39-годишник, управувал возило со 2,60 промили алкохол и предизвикал сообраќајка
-
Во Белград се одржува воена парада
-
Приведени две лица во Велес, кај нив пронајдени пушка-артефакт, муниција