-->
-->
Игор Ангеловски можен наследник на Друловиќ на кормилото на Македонија
-->

Како можен наследник на наследи на Љубинко Друловиќ на кормилото на репрезентацијата на Македонија се споменива неговиот досегашен асистент и прв стратег на Работнички, Игор Ангеловски,
Засега неофицијално, Ангеловски ќе ги води црвено-жолтите на пријателскиот меч против Црна Гора закажан за 12 ноември, како и на најавениот тест со Либан, а потоа, најверојатно ќе добие и можност за продолжување на соработката со двегодишен циклус во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година.
Ангеловски во текот на денешниот ден треба да има состанок со претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, по кој и официјално ќе го преземе кормилото на Македонија. Првично, тој ќе го предводи и тимот на Работнички до крајот на зимската пауза, а потоа и професионално ќе потпише договор како селектор за наредниот квалификациски циклус.
Македонија во следниот циклус квалификации за СП 2018 година се наоѓа во група со Шпанија, Италија, Израел, Албанија и Лихтенштајн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
