Иги Поп: Светот треба да се смири и да престане да се дрогира
Познатиот светски музичар Иги Поп се пожали во Кан на слабиот слух и му порача на светот дека чаша вино со добар оброк е подобар избор од која било дрога.
- Сите треба да престанат со тие гомненици, рече 69-годишниот Иги во Кан, каде го промовираше филмот за неговиот живот и неговата група „The Stooges“.
- Ќе се напијам вино за време на вечерата и тоа е тоа. Кога немам работни обврски рано си легнувам, рече тој.
Иги Поп заедно со режисерот Џим Џармуш на прес-конференција во Кан говореше за филмот „Gimme Danger“, посветен на неговите почетоци со групата The Stooges, кон крајот на ’60-те години од минатиот век. Призна дека во тоа време бил на ЛСД.
Откако на почетокот на прес-конференцијата им кажа на новинарите да му ги поставуваат погласно прашањата, бидејќи е напола глув, Иги изјави дека деновите во последно време не му се ништо посебно.
Тој истакна дека јаде три квалитетни оброци во текот на денот и дека некако успеал да се регенерира од разните супстанци, кои ги ставал во себе.
- Сите треба да се смират. На светот му треба љубов, порача тој.
Ново на Сител
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти