-->
-->
Иџе неповреден во сообраќајка во Србија
-->

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стафановски- Иџе вчеравечер во Србија при враќањето од Италија со својот екипаж дожиевеал собраќајна несреќа. Сепак неговиот тим преку официјалната фејсбук страница ги информираше фановите дека Иџе и екипажот не се повредени, а причинета е материјална штета на приколката и автомобилот.
- На враќање од трката во Италија Иџе и неговата екипа имале несреќен случај при што куката од комбето се скршила и приколката заедно со Митсубишито излетале од патот и удриле во банкина. Приколката била речиси неупотреблива а и колата била доста искршена. Екипата за среќа е добро, освен претрпениот стрес. Инаку среќа во несреќа е што во моментот на несреќата немало возила на лентата за претекнување, па така избегната е поголема несреќа, стои во официјалното соопштение на фан-страната на Стефановски.
Стефановски е Спортист на Македонија за 2014 година и актуелен европски првак на ридско-брзински патеки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори