-->
-->
Иџе: Не се откажувам од титулата
-->

Македонскиот автомобилст Игор Стефановски – Иџе забележа нова победа и по вчерашниот триумф во Швајцарија е на чекор до одбрана на европската титула во автомобилизам на ридски патеки.
- Ова беше исклучително тешка трка, поради временските услови. Морав да ризикувам на влажната патека бидејќи немам намера да се откажам од европскиот трон. Според моите пресметки потребен ми е уште само еден бод за одбрана на титулата и ќе направам се да го освојам на следната трка во Словенија, изјави Стефановски.
Лани Иџе со победата во Швајцарија ја обезбеди шампионската титула, овојпат не успеа, но и овојпат беше бодрен пред се од македонските фанови.
- Ме израдуваа неколку македонски навивачи кои живеат и работат во Швајцарија и дојдоа да ме бодрат на оваа трка. Убаво е да се види развиорено македонското знаме на трибините. Тоа ми даде дополнителен мотив да дадам се од себе и да извојувам нова победа. Се надевам дека ги исполнив нивните очекувања и дека не зажалија што дојдоа на патеката и беа горди што се Македонци – додаде Стефановски.
До крајот на шампионатот остануваат да се возат уште две трки во Словенија и во Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
