Македонија
24. October 2015 - 19:39

Идната недела студентите од домот „Гоце Делчев“ ќе се преселат во целосно реновираниот блок

Ново сместување за 350 студенти од домот „Гоце Делчев“. Идната недела ќе отпочне етапното префрлување на студентите од блокот А во комплетно реконстуираниот блок Б. Реновирани соби, нови кревети, прозорци, топла вода, топли ходници, санирани тоалети, функционални лифтови, конечно студентите ќе ги добијат потребните услови за домување и учење.

Веднаш по префрлањето, ќе се отпочне со реконструкција на блокот А, а целиот комплекс од 4 згради и нова менза се очекува да добие нов лик до почетокот на 2017-та. Целата инвестиција е во вредност од околу 6 милиони евра.

-Сакам да информирам и дека не само во „Гоце Делчев“, направивме набавка за лифтови во сите студентски домови со што ќе ја зголемиме безбедноста на студентите.

Во наредните две години ќе се замении и целокупниот мебел во сите студенстски домови, во тек е изработка на  спецификација за распишување на тендер.

Истовремено се разгледуваат и десетина  локации во Центар, Гази Баба и Ѓорче Петров каде е превидено да се гради нов студенстски дом со капацитет од 500 до 1000 легла.