Македонија
16. March 2022 - 16:33

Идната недела почнува чистењето на линданот од Охис

Следната недела започнува чистењето на линданот од малата депонија во округот на поранешната фабрика Охис. Со цел процесот да се одвива безбедно и опасната материја да не се разнесува преку воздухот, поставен е шатор од каде преку вакум ќе се вади линданот и контаминираната земја.

Чистењето на линданот од малата депонија ќе чини околу 9 милиони евра, а дел од трошокот го покрива Европската Унија. Одтука, во специјални контејнери опасниот пестицид линдан и контаминираната земја ќе се транспортираат до Франција и Холандија.

При посетата на поранешната фабрика Охис, на дел од новинарските екипи не им беше дозволено да пристигнат со службено возило до местото на настанот. По реакцијата од медиумите, премиерот се извини и во знак на солидарност наместо со возило фабриката ја напушти пешачејќи заедно со новинарите , носејќи дел од опремата за снимање.