-->
-->
ИДФ убија четворица оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа
-->

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави армијата.
Оперативците биле забележани како излегуваат од тунел во источниот дел на Рафа, област контролирана од ИДФ, каде што се верува дека десетици борци на Хамас се заробени под земја, објави „Тајмс оф Израел“.
Според армијата, четворицата оперативци биле убиени во напад на израелските војници и воздухопловните сили.
ИДФ работи на утврдување на нивниот идентитет, а претставници на одбраната се сомневаат дека меѓу убиените членови на ќелијата се командантот на батаљонот на Хамас за Источна Рафа и неговиот заменик, објави „Тајмс оф Израел“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Северна Македонија и Србија ја унапредуваат соработката, посебен акцент е ставен на инфраструктурното поврзување
-

Во автомобил управуван од 21-годишник и малолетен сопатник пронајден пиштол
-

Раководството на СДСМ си поднесе оставка
-

Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го отфрлил американскиот мировен план
-

Уапсена 24-годишна девојка, возела со 1,55 промили алкохол во крвта и удрила во паркирана кола
-

Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Евзони
-

РКЕ: Регулаторната комисија да ја преземе во целост надлежноста во формирање на конечна цена на водата
-

Ползењето е исклучително битно за здрав ран развој на детето
