ИДФ соопштија дека Хамнеи е убиен во „прецизна, обемна“ израелска операција

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и официјално соопштија дека го убиле иранскиот врховен водач Али Хамнеи во воздушен напад во Техеран во текот на вчерашниот ден.
„Али Хамнеи беше цел во прецизна, обемна операција спроведена од израелските воздухопловни сили, водена од точни разузнавачки информации на ИДФ, додека се наоѓаше во неговиот централен раководен комплекс во срцето на Техеран, каде што беше заедно со други високи функционери“, се вели во соопштението на војската.
Војската наведува дека Хамнеи, кој беше врховен водач од 1989 година, „беше директно одговорен за насилната репресија врз иранските граѓани во текот на многу години“.
„Хамнеи беше архитект на планот за уништување на државата Израел и беше познат како ’главата на иранскиот октопод‘, кој ги протегаше своите краци низ Блискиот Исток и до границите на државата Израел. Пред сè, меѓу нив беше терористичката организација Хезболах. Врховниот водач на иранскиот режим беше одговорен за терористичките напади против државата Израел, а крвта на многу цивили од целиот свет беше на неговите раце“, наведе ИДФ.
ИДФ соопшти дека „стави крај на едно поглавје долго со децении со елиминацијата на лидерот на иранската терористичка оска“.
„Неговата елиминација се приклучува на серијата елиминации на високи членови на терористичката оска извршени од ИДФ за време на војната“, се додава во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

МВР спречи трагедија, малолетник најавил самоубиство на социјалните мрежи
-

Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
-

Трамп: Во американскиот напад врз Иран убиени 48 ирански „лидери“
-

Израелската армија започна нови напади врз Техеран
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија
-

Ирански медиуми: Махмуд Ахмадинеџад убиен во воздушен напад во Техеран
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
-

Бројот на жртви во ракетниот напад во Беит Шемеш се искачи на шест
