Македонија
19. November 2015 - 10:13

„Идеологијата на ренесансната и маниристичка уметност во Италија“ од Татјана Филиповска

Издавачката куќа „Панили“ од Скопје ја објави книгата „Идеологијата на ренесансната и маниристичка уметност во Италија“ од проф. д-р Татјана Филиповска.

- Низ научни согледби авторката пишува за идеологијата и општествената ангажираност во европската ликовна уметност на модерното доба. Посебен акцент става на врвните дела, преку кои јасно се отсликуваат општествениот, политичкиот и историскиот контекст во кои тие се создадени, соопшти издавачот.

Татјана Филоповска е редовен професор на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Нејзините досегашни научни истражувања се посветени на италијанската уметност, односно на венецијанското сликарство.

Меѓу големиот број трудови, објавени во домашни и странски изданија, посебно се издвојуваат книгите: Тицијан, Комедијата во венецијалнското сликарство и Празничната сцена на венецијанското сликарство во 18 век.