Идентификувани уште двајца од напаѓачите во Париз
Париското Јавно обвинителство денеска соопшти дека се идентификувани уште двајца од напаѓачите-самоубијци, кои учествувале во терористичките напади во Париз во ноќта меѓу петокот и саботата.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, за едниот од нив била издадена меѓународна потерница за апсење, затоа што не ја почитувал судската контрола во 2013 година. Тој е роден во 1987 во Париз и во октомври 2012 е обвинет за здружување во злосторничка група поврзана со тероризмот. Тој учествувал во нападот во концертната сала Батаклан.
Другиот идентификуван терорист е напаѓач од Стад де Франс.
Со новните идентификации, досега е утврден идентитетот на пет од седумтемина напаѓачи.
Тројца членови на семејството на еден од терористите кои ушествувал во нападот во Батаклан, се притворени изутринава.
Јавното обвинителство исто така соопшти дека постои совпаѓање меѓу отпечатоците на прстите на напаѓачот од Стад де Франс, со лице чии отпечатоците биле направени при контролата во Грција во октомври. Сепак, не е утврдено дали неговиот сириски пасош пронајден на местото на нападот е фалсификуван или е со лажни податоци.
Во акцијата на полицијата во текот на ноќта и рано изутринава спроведена во повеќе квартови во Лил, Стразбур, Лион, Гренобл, Марсеј или Тулуз, извршени се вкупно 60 претреси и запленети 15 пиштоли, осум пушки, еден рачен ракетен фрла, детонатори, рачни бомби и заштитни елеци.
Слични вакви операции се спроведуваат и во парискиот регион, а националната жандармерија спроведува акции и на остатокот од француската територија во потрага по можни терористи.
Ново на Сител
-
„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија
-
Собранието го донесе Законот за енергетика, за Божиновска тоа е еден од најважните
-
Зеленски: Не сум разговарал со Венс од кавгата во Белата куќа
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар
-
Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството
-
Кремљ со реакција на изјавата на Макрон: Нуклеарното ширење не е решение за Европа
-
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје