Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон

Педесет и пет од 67-те загинати во несреќата меѓу патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер над реката Потомак во Вашингтон се идентификувани, изјави денеска началникот на противпожарната служба, Џон Донели.
Тим од воен персонал се подготвува утре да започне операција за отстранување на остатоците од двата авиони од водата. Тие ќе бидат однесени во хангар на националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон.
Во меѓувреме, семејствата на жртвите од најголемата воздушна катастрофа во САД од 2001 година денеска го посетиле местото на несреќата.
Десетици луѓе пристигнаа со автобуси и беа спроведени со полиција до брегот на реката Потомак, во близина на местото на авионската несреќа.
Во авионот имало вкупно 64 лица – патници и членови на екипажот, а во хеликоптерот Блек Хок биле тројца воени лица. Меѓу патниците во авионот имало и лизгачи кои се враќале од првенството на САД во Вичита, Канзас.
Ново на Сител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
-

Бела куќа: Од јануари собрани „235 милијарди долари од царини“
-

Руски генерал загина во напад со автомобил-бомба во Москва
-

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви
-

Најстудено во Берово и Виница
-

Американец со потекло од Нигерија нападнал полицаец во Градски парк, носел пиштол и големо количество муниција
