Македонија
8. July 2015 - 9:09

Идентификувана прегазената жена во Капиштец

Полицијата го утврди идентитетот на жената која синоќа околу 8 часот беше прегазена на улицата „Васил Ѓоргов“ од автомобил „опел“ со скопски регистарски таблички.

Станува збор за 50-годишната Сузана Т. П. Од Скопје, која по ударот почина на лице место, дознава Курир.

Возачот, скопјанецот Б.Б. (37) и сопатничката од автомобилот Ј.П. (33) се пренесени во Ургентниот центар каде им е укажана лекарска помош, по што сопатничката е пуштена на домашно лекување, а возачот, како што дознава Курир од извори од болницата, е задржан на Клиниката за неврохирургија.

Според првичните информации, возачот со десниот дел од автомобилот удрил во Сузана, по што удрил во метална ограда во скали и на крај завршил со автомобилот во излог од дуќан лоциран во блиската зграда.

Увид на лице место извршиле полициски екипи во присуство на јавен обвинител, по што телото на починатата Сузана е предадено на обдукција.