-->
-->
Идентификуван вториот насилник од автобусот на ЈСП - МВР трага по него
-->

Полицијата го идентификуваше вториот насилник кој во автобус на ЈСП им се закануваше на патниците и ги навредуваше по верска основа.
Од МВР за Сител велат дека се работи на негово лоцирање.
Полицијата истражува дали освен вербалните закани и навреди во инцидентот имало и физички напад.
Сепак, најголем проблем во истрагата е што инцидентот е од пред 2 - 2 и пол месеци. ЈСП прво треба да открие на која линија и во кој точно автобус се случил инцидентот. Лицето кое беше приведено во полициска станица има историја со повеќе кривични дела, а пред година и половина претепал и службеник на ЈСП во Транспортниот центар, откако претходно бил казнет за непоседување на билет.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
