Идентификуван напаѓачот на Трамп, инцидентот се истражува како „обид за убиство“
По вчерашниот вооружен инцидент во близина на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трам уапсен е 58 годишниот Рајан Весли Рут.
Агенти на Тајната служба отвориле оган врз лице вооружено со полуавтоматска пушка, кое го вперило оружјето кон голф-клубот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Вест Палм Бич, Флорида, додека тој играл голф.
Републиканскиот претседателски кандидат е неповреден и безбеден, соопшти полицијата, а ФБИ го истражува инцидентот како „обид за убиство“.
Еден од агентите видел автоматска пушка со врвот на која излегува од грмушка во близина на теренот за голф, една дупка над местото каде што бил Трамп во тоа време.
Агентите на тајната служба испукале најмалку четири куршуми со муниција кон осомничениот.
Мажот потоа ја фрлил пушката, два ранци и други предмети и побегнал со црн спортски автомобил, no bil уапсен во соседната област.
По инцидентот Трам им се обрати на своите приврзаници преку електронска пошта и им порача дека никогаш нема да се предаде.
Имаше пукање во моја близина, но пред гласините да излезат од контрола, сакав прво да го слушнете ова: БЕЗБЕДЕН СУМ И ДОБРА! Ништо нема да ме успори. НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРЕДАВАМ! Единство. Мир.
Да ја направиме Америка повторно голема. Бог да ве благослови, напиша Трамп.
Ново на Сител
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
