Идентификуван е убиецот на тројцата полицајци во Батон Руж
Убиецот на тројцата полицајци во градот Батон Руж во јужниот американска сојузна државао Лујзиана е идентификуван од страна на неколку медиуми како Гавин Лонг, 29-годишен Афроамериканец.
Осомничениот напаѓач по потекло бил од Канзас Сити.
Американските власти засега не ги посочуваат мотивите за ова второ повеќератно убиство на полицајци од страна на црнец за во последните десет дена.
Мажот, кој вчера уби тројца полицајци и рани тројца нивни колеги, бил застрелан на местото на настанот, изјави претходно началникот на полицијата во државата Лујзијана, Мајк Едмондсон.
Двете лица кои беа задржани поради убиството, веќе се на слобода.
Од тројцата полицајци кои се повредени, двајца се од белата раса а еден од црна.
Според првичните подотоци, двајцата од нив се во стабилна состојба, а едниот се уште се бори за живот.
Според американските медиуми пред нападот била алармирана полицијата дека „сомнително лице се движи низ улицата Ерлајн Хахвеј со пушка во раце“.
- По излегувањето на лице место полицајците упаднаа во заседа на најмалку еден напаѓач, изјави градоначалникот на Батон Руж, Кип Холден.
Во Батон Руж, како и во другите американски градови, пред една недела се одржаа повеќедневни протести поради полициското насилство откако полицијата уби 37-годишен Афроамериканец, татко на пет деца.
На протестот во Далас едно лице пукаше врз белите полицајци, при што уби петмина од нив.
Ново на Сител
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони
-
Нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка на бензиска пумпа во Карпош
-
Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир
-
19-годишен прилепчанец со остар предмет повредил сограѓанин - уапсен на Табановце
-
Две лица повредени во тешка сообраќајка во Скопје
-
Возачи во Скопје, Куманово, Кичево, Велес, Кавадарци и Охрид управувале возила под дејство на алкохол
-
Србија и Македонија ја зајакнуваат соработката во земјоделството
-
Украина со дронови нападна рафинерија во близина на Санкт Петерсбург