Свет
5. November 2016 - 9:43

ИД презеде одговорност за вчерашниот напад во турскиот град Дијарбекир

Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за вчерашниот извршен напад со автомобил-бомба во турскиот град Дијарбекир, во кој загинаа девет лица, а над 100 се повредени.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим вчера изјави дека нападот е извршен од курдски екстремисти и оти меѓу загинатите во експлозијата има еден осомничен член на Курдската работничка партија (ПКК).