Свет
20. January 2016 - 8:49

ИД потврди дека „Џихадистот Џон„ е убиен во напад со беспилотно летало

Милитантната исламистичка група Исламска држава (ИД) потврди дека нејзниниот припадник Мохамед Емвази, познат како „Џихадистот Џон„ бил убиен во нападот со беспилотно летало, уште пред повеќе од два месеци.

ИД објави текст-„ин мемориам„ за џихадистот Емвази, во своето интеренет, пропагандно списание „Дабик„ во кој се објаснува дека „Џон„ бил убиен на 12 ноември, кога автомобилот во кој се наоѓал, бил директно погоден од ракета лансирана од беспилотно летало.

Признанието на ИД се совпаѓа со соопштението на американската армија, од ноември 2015 година, во кое се тврдеше дека е „многу веројатно„ оти „Џихадистот Џон„ е убиен во нападот со дрон, во реонот на сирискиот град Рака, кој претставува сило упориште на џихадистите.
Американските и британските разузнавачки агенции, трагаа засилено по овој џихадист, кој речиси редовно учествуваше во пропагандните спотови на ИД, а немаше воена улога во оваа исламистичка милитантна група.

Гневот на меѓународната јавност го предизвика со појавувањето на спотовите од егзекуциите, со отсекување на главите на четворицата американски и британски хуманитарцо- заробенци, како и на еден јапонски новинар.

Емвази е роден во Кувајт, но како шестгодишник, дошол со родителите во Лондон, каде е израснат и образуван.Како дипломиран компјутерски програмер, во 2013 година, пребегнал во редовите на ИД.

Неговиот вистински идентитет беше откриен од разузнавачите, според бојата на очите, од снимките на кои се појавуваше.