ИД осомничена за трговија со човечки органи
Џихадистичката група Исламска држава (ИД) на своите припадници им одобрила од заробените „неверници“ да можат да вадат органи, кои потоа би се користеле за спасување на животите на муслимани, објавија американските медиуми, повикувајќи се на еден документ издаден од групата на почетокот на година.
Ова, според медиумите, би можело да претставува доказ дека ИД, меѓу останатото, се финансира и со трговија со човечки органи.
Во документот, со датум од 31 јануари 2015 година, се вели дека џихадистите може да вадат органи од заробениците за да спасат живот на муслиман, без разлика што тоа може да ги загрози животите на заробените жртви.
- Животот и органите на неверниците не мора да се почитуваат и можат да се земат без никакви санкции, се наведува во документот, напишан во форма на фетва, односно верски закон.
Медиумите наведуваат дека примерок од овој документ бил откриен за време на акција на американските специјални сили во источна Сирија во текот на мај оваа година.
Иако ваквиот документ не претставува сигурен доказ дека ИД се занимава со препродажба на човечки органи, сепак таа може да претставува потврда на претходно изнесените обвинувања на сметка на џихадистите дека вадат органи од заробени не-муслимани и дека ги продаваат со цел да остварат профит.
Анонимен претставник на американските власти изјави дека овој документ и овозможува на Администрацијата на САД да има подобар увид во тоа како ИД обезбедува средства и како ги организира своите следбници.
По објавувањето на ваквите информации се огласи ирачкиот амбасадор при ОН, Мохамед Али ал-Хаким, кој оцени дека Советот за безбедност на Светската органзиација би требало да ги разгледа овие документи и да утврди дали тие претставуваат доказ оти ИД се финансира преку трговија со човечки органи.
Ново на Сител
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир