ИД ослободила дел од киднапираните цивили од Даир ал-Зор

Исламска држава ослободила 270 од вкупно околу 400-те цивили, главно жени и деца, кои ги киднапира во текот на викендот кога нејзините борци извршија напад врз делови од сирискиот град Деир ал-Зор, што е под контрола на сириската Влада, информира Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, пренесе Танјуг.
Во соопштението на оваа организација, со седиште во Лондон, се наведува дека џихадистите, меѓутоа, истовремено заробиле околу 50 мажи во текот на рациите низ куќите на подрачјето кое го зазеле во текот на изминатите четири дена борби во Деир ал-Зор.
Директорот на Центарот, Рами Абдул Рахман, наведе дека ИД на дополнителни испитувања ги задржала заробениците на возраст меѓу 14 и 55 години.
-Тие за кои ќе утврдат дека се поврзани со режимот ќе бидат казнети, додека оние кои не се поврзани ќе мораат да посетуваат верски курс темелен на џихадистичката интерпретација на исламот, рече Рахман.
Ослободените цивили ќе останат во селата под контрола на ИД во провинцијата Деир ал-Зор, која де факто ја поврзува престолнината на ИД, Рака, со територијата која џихадистите ја контролираат во Ирак.
Џихадистите од Исламска држава во Деир Езор, на истокот од Сирија, на 16 јануари убија 300 лица, но и грабнаа најмалку 400 цивили, вклучувајќи жени и деца, откако во офанзивата врз овој град зазедоа дел од територијата, информираа денеска сириската Влада и невладините организации.
Во соопштението на сириската Влада се наведува дека милитантите од ИД претходниот ден во Деир Езор, на истокот од Сирија, убиле дури 300 лица, нарекувајќи го настанот „ужасен масакр“.
Повеќето убиени биле постари луѓе, жени и деца, а тоа е еден од најголемите масакри што ги сторила ИД, чии припадници контролираат големи подрачја од Сирија и Ирак.
Ново на Сител
-

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден во која загина едно лице
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја следел неговата поранешна девојка до нејзиниот стан и упатувал закани кон неа
-

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат, тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија
-

Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови | ФОТО
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
