ИД ја презеде одговорноста за нападите во Париз
Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за терористичките напади во Париз, во кои загинаа најмалку 128 лица, а околу 250 се повредени.
Во официјалното соопштение на исламистичката група се наведува дека борците од ИД, со појаси со експлозив и вооружени со автоматско оружје, ги извеле нападите на неколку локации во центарот на Париз. Нападите биле внимателно планирани.
Цел на нападите, според ИД, била на Франција да и се покаже дека ќе остане главна цел се додека продолжува со својата политика.
Во меѓувреме, медиумското крило на ИД, Медија центар Ал Хајат, објави видео со закани за Франција, доколку таа земја продолжи да ги бомбардира нејзините припадници.
- Се додека продолжите да не бомбардирате, нема мирно да живеете. Ќе се плашите и до пазар да одите, изјави еден од екстремистите на арапски јазик, опкружен од други припадници на ИД.
Ново на Сител
-
Србија: Ректорскиот колегиум го одби повикот на Вучиќ за дијалог
-
Уапсена 41-годишна жена од Битола поради кражба
-
Ја заклучил и тепал поранешната партнерка, си ги пресекла вените да се спаси а тој продолжил да ја тепа
-
Почина новинарот и публицист Теофил Панчиќ
-
Стабилно време со студени утра и во наредните денови
-
„Нашите планови ги срушија за миг“, емотивен текст на момчето на Фросина
-
57-годишен маж од кочанско загина во сообраќајка
-
Генерално чистење во општина Кисела Вода