ИД ја презеде контролата врз планината Тора Бора, каде се криеше Осама Бин Ладен
Исламската држава соопшти дека денеска ја презеде контролата врз планината Тора Бора во источниот дел на Авганистан, каде се криел ликвидираниот поранешен лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен.
ИД претходно денеска објави аудиоснимка, наведувајќи дека нивното знаме се вее на врвот на планината.
Во пораката што ја објави радиото „Калифат“, се наведува дека покрај планината освоени се и уште неколку области, а за локалните жители, кои избегале за време на борбата, порачано е да се вратат дома и да останат затворени.
Талибанците го потврдија соопштението на ИД.
Портпаролот на талибанците, Забиулах Муџахид, првично демантираше дека планината Тора Бора е под контрола на ИД. Но потоа тој истакна дека ИД навистина ја презела контролата врз Тора Бора.
-Се обидовме да дадеме отпор, но не успеавме и седуммина од нашите муџахедини паднаа како маченици во борбите, нагласи портпаролот на Талибанците.
Муџахид наведе дека повеќе од 30 борци на ИД се убиени во борбите.
Авганистанските претставници претходно денеска, соопштија дека борбите меѓу ИД и талибанците траат два дена.
Во американски воздушен удар синоќа загинале 11 талибански борци.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице