Балкан
16. May 2016 - 10:22

ИД и ПКК имаат планови за напади врз неколку големи градови во Турција на 19 мај

Терористичката групација Исламска држава и Курдската работничка партија имаат планови за напади во неколку големи градови во Турција на 19 мај, денот кога се одбележува споменот на Кемал Ататурк, како и денот на младите и на спортот, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк. 

Турската разузнавачка служба МИТ издаде предупредување за планираните напади.

Според информациите на разузнавњето џихадистите од ИД планираат напади врз мавзолејот на Ататурк, американската Амбасада и згради на војската во Анкара.

ИД планирала вкупно десет напади во неколку гоеми градови во Турција.

Разузнавачката служба утврдила дека десет терористи од ИД, кои имаат задача за планирање на нападите, пристигнале во турскиот град Газиантеп, од Сирија и Ирак. 

Главната управа на турската полиција испратила предупредување до колегите во 81. окружен град во земјата.

Разузнавањето утврдило дека освен ИД и курдските сепаратисти од ПКК имаат планови за напади на празникот на 19 мај.