Свет
27. March 2017 - 11:50

ИД го изгуби воениот аеродром во северна Сирија

Алијансата на курдските сили и арапски борци, поддржани од САД, соопшти дека вчера ја презела целосната контрола над воениот аеродром Табка, на северот на Сирија, кој го држеше Исламска држава.

- Сириските демократски сили имаат целосна контрола над воениот аеродром Табка, изјави партпаролот на овие сили, Талал Село.

Тој дополни дека сега се врши деминирање на теренот со цел да се обезбеди аеродромот.