-->
-->
Ибраими се договорил со Астана
-->
Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими постигнал договор со казахстанската екипа Астана.
Иако, од клубот сеуште овој трансфер не е потврден сепак, медиумите од Казахстанс веќе ја пренесоа изјавата на челниците на шампионот на оваа земја.
Според информацијата која ја објавија тамошните медиуми, Ибраими со екипата на Астана се договорил на период од три години, а македонскиот репрезентативец за тој периот би заработил над 2 милиони.
Ибраими со тоа ќе му се приклучи на Бесарт Абдурахими кој во Астана е од пред неколку месеци.
Амбициите на оваа казахстанаска екипа и годинава е во најмала рака освојување на шампионскиот трофеј во домашниот шампионат во кој, по 15 одиграни која, оваа екипа има 13 победи, и само еден нерешен резултато, односно веќе девет бода предност во однос на второпласираниот Иртиш.
Астана минатата година за прв пат обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата