-->
-->
Ибраими останува во Марибор
-->
Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими (27) го продолжи договорот со Марибор. Според новиот договор, Ибраими, во Словенија ќе остане до 2019 година.
Ибраими сезонава за Марибор има постигнато осум голови, а шест пати успешно им асистирал на соиграчите.
Македонскиот репрезентативец во Марибор е од 2011 година, со еден мал излет во Каљари каде одигра 25 натпревари, но откако не ја доби вистинската шанса реши да се врати во Словенија.
За Македонија, крилниот напаѓач има одиграно 37 натпревари и постигнато седум голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски
-
Кумановец ја силувал својата малолетна ќерка
-
Мицкоски: Расте бројот на странски туристи во вториот квартал
-
УНИЦЕФ: Младите ќе ја водат локалната акција и ќе влијаат на глобалните климатски одлуки
-
Се урна авион на Ер Индија со повеќе од 240 патници
-
Мицкоски: Со новиот закон ќе се намали бројот на автомат-клубови за игри на среќа
-
ИЈЗ за Денот против злоупотреба на детскиот труд: Детството не смее да биде жртвувано за профит, сиромаштија или негрижа
-
Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран