Ибрахимовиќ состави тим од своите поранешни соиграчи
Поранешниот шведски фудбалски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера настапуваше во врвни европски екипи, а играше и во САД. Тој селектира тим од бившите свои соиграчи
Во тимот на Златан се најдоа:
голман: Буфон
одбрана: Турам, Тиаго Силва, Неста, Максвел
среден ред: Виеира, Чави, Недвед
напад: Меси, Роналдињо, Ибрахимовиќ.
Резерви: Жулио Цезар, Канаваро, Гатузо, Сидорф, Иниеста.
Од поголемите фудбалски имиња соиграчи на Ибрахимовиќ низ годините беа и: Алесандро дел Пјеро (Јувентус), Луис Фиго, Хавиер Занети, Марко Матераци, Маикон, Дејан Станковиќ, Ернан Креспо (Интер), Дани Алвеш, Жерар Пике, Карлес Пујол, Тиери Анри, Серхио Бускетс, Јаја Туре (Барселона), Филипо Инзаги (Милан), Марко Верати, Дејвид Бекам, Маркињос, Единсон Кавани, Анхел Ди Марија (ПСЖ), Давид де Хеа, Пол Погба, Вејн Руни, Бастијан Швајнштајгер (Манчестер јунајтед).
Четириесет и едногодишниот Ибрахимовиќ најави пензионирање по натпреварот од 38. коло на италијанскиот шампионат против Верона.
Ибрахимовиќ играше за: Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес Галакси.
Во текот на кариерата пет пати стана шампион на Италија, четири пати го освои францускиот шампионат, двапати стана шампион на Холандија и еднаш – шампион на Шпанија.
Фудбалерот ја освои и Лига Европа, Купот на Холандија, Суперкуповите на Холандија, Италија, Шпанија и Франција, Лига купот на Англија и Лига купот на Франција.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
