Ибрахими: Парична помош и сместување за Костадин
Семејството во социјален ризик Костовски, 22-годишниот Дејан и неговиот неподвижен татко Костадин, денеска ќе добијат 20.000 денари еднократна парична помош од Министерството за труд и социјална политика.
Министерот Ибрахим Ибрахими, кој го посети семејството во нивниот дом во општината Ѓорче Петров, истакна дека Министерството во моментот вложува напори татко му на Дејан да биде сместен во Геронтолошкиот завод.
- Ќе им доделиме еднократна парична помош во висина од 20.000 денари што ќе биде доволно да ги покриеме трошоците за првиот месец за неговиот престој, како и за вториот и третиот месец до моментот додека не бидат поднесени документите и обезбеден надоместокот за помош и нега од трето лице со што заедно со пензијата во целост ќе се покријат трошоците за престој во установата. Министерството за труд и социјална политика уште од самиот почеток по објавувањето на сторијата во медиумите испрати тим на Центарот за социјална работа од Карпош, рече Ибрахими.
Нагласи дека тие и натаму ќе бидеме во контакт со семејството и ќе ја следат ситуацијата, а доколку се укаже потреба и ќе реагираат.
Дејан секојдневно води грижа за себе и за неговиот неподвижен татко, кој претрпел четири мозочни удари, а состојбата дополнително му се влошила откако го скршил и колкот. Костадин има потреба од 24-часовна нега од надлежна институција. Тој е корисник на инвалидска пензија што во моментот е недоволна за да ги покрие сите нивни трошоци. Целокупната грижа околу Костадин засега е на товар на неговиот син Дејан кој,пак, заради тоа не може да работи.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода три лица, физички нападнале 26-годишник пред угостителски објект во скопскиот Градски парк
-
Челзи и Мудрик ќе соработуваат за да се утврди причината за позитивниот допинг тест на фудбалерот
-
Планирале напади за новогодишните и божиќните празници, притвор за 4 лица кои создале терористичка организација
-
Обвинение за убиството кај „Мавровка“, го убил од користољубие, пукал и кон полицијата во обид да избега
-
Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места
-
Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици
-
Агелер без коментар за чекорите на Обвинителството по американското јавно назначување на функционери за корупција
-
Груби за Косово заминал со дипломатско возило непосредно пред полициската акција