ИБНА: Средба Димитров - Коѕијас во Софија на 15 и 16 февруари

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе се сретнат во Софија на 15 и 16 феваруари, на маргините на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство, објави Независната Балканска новинска агенција - ИБНА.
Се очекува Димитров и Коѕијас да разговараат за следните чекори во процесот за решавање на спорот за името меѓу двете земји.
Вчера, како што објави МИА, македонскиот премиер Зоран Заев, најави дека следната недела треба се одржи нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас со посредникот на ОН Метју Нимиц.
Најавите за интензивирање на процесот за решавање на прашањето за името следуваат по последните изјави на Заев дека Скопје може да прифати географска одредница, како и на Владата во Атина дека останува активно ангажирана во процесот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
