ИАТА: Авиокомпаниите поради новиот коронавирус ќе загубат речиси 30 милијарди долари

Според проценките на Меѓународната асоцијација на авиопревозници (ИАТА), авиокомпаниите во азиско-пацифичкиот регион ќе загубат 27,8 милијарди американски долари како резултат на епидемијата на новиот коронавирус, додека побарувачката за авио-билети во регионот ќе се намали за 13 проценти.
Со оглед на тоа што проценката на растот е проектирана на 4,8 проценти, целокупниот пад на профитот ќе биде 8,2 проценти, соопшти ИАТА.
Според тоа сценарио, загубата на приходи ќе биде 27,8 милијарди американски долари за авиокомпаниите во регионот на Азија и Пацификот. Најголемите загуби ќе забележат компании од Кина, чиј пад на профитот само на домашниот пазар се проценува на 12,8 милијарди.
Според истото сценарио, компаниите што работат надвор од регионот ќе загубат 1,5 милијарди американски долари, под претпоставка дека побарувачката е ограничена само на азиските пазари.Севкупно, загубата ќе изнесува 29,3 милијарди американски долари на глобално ниво.
Таа загуба, според проценките на ИАТА, значително ќе ги намали проценките на глобалниот раст за 2020 година.
Проценките, според изјавата, се слични на оние за време на епидемијата САРС. Потоа, после шестмесечен период на ненадејно опаѓање, следуваше подеднакво брзо закрепнување. Во 2003 година, САРС беше одговорен за пад на приходите од 5,1 процент на азиско-пацифичките авиокомпании.
Ново на Сител
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
-

Трамп не верува дека Кина и Русија му помагаат на Иран
-

Асистенција и црвен картон за Елмас во победата на Аталанта над Венеција
-

Трибина посветена на декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници
-

Трамп вели дека Путин сака договор повеќе од Зеленски
-

Делови од дронови оштетија индустриска зона во рускиот град Невиномиск, експлозии во Киев
-

Петмина загинати, десет лица се водат како исчезнати по ураганот и тропската бура во Мексико
