И жирито запеа со Даниел, феноменална изведба на Принс
Во знак на сеќавање на неодамна починатиот пејач Принс, Даниел Кајмакоски подготви имитација за паметење на култната “Purple rain”.
„Принс беше голем автор, композитор, легенда. Кога го слушаш имаш посебно чувство кое не можеш да го опишеш. Ќе биде емотивно и многу убаво. Кога ќе сретнете таков човек, во шок сте. Остави нормален впечаток и супер искуство е да се запознае таков човек“.
На сцената заедно со Даниел пееја и Владо, Жељко и Ана. Беше величествено, а настапот беше поддржан со аплауз од публиката.
-Даниел, мислам дека е тешко да бидеш Принс, тешко е на бина кога тие двајца се зад тебе. Најдобрата вест е што беше рамноправен во овој настап. Ти честитам на тоа. Многумина би се повлекле што ќе почнеше песната, изјави Иван.
-Јас малку, а Владо и Жељко беа одлични. Даниел беше феноменален. Би ги пофалила маскерите, костимографите, сите но Даниел со својата енергија донесе впечаток како Принс навистина да беше тука, рече Ана.
-Даниел одлично се снајде, и личиш малку, рече Владо.
-Ми беше чест. Даниел, беше фантастичен. Вистинска ѕвезда си, секогаш одговараш на задачата. Ќе го пофалам твојот костим и твојот изглед. Драго ми е што бев дел од ова шоу, рече Жељко.
Погледнете го видеото од настапот на Даниел, заедно со Владо и Жељко:
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата