-->
-->
И во Мексико прекина фудбалот
-->

Големиот удар од пандемијата во Мексико ја принуди ФФ на оваа земја по само 18 кола да го прекине првенството со што оваа година во оваа земја нема да се игра фудбал но двата претставници во КОНКАКАФ Лигата на шампионите, Круз Азул и Леон, ќе имаат дозвола да играат во ова натпреварување.
Стравот од Ковид-19 се зголеми откако пандемијата ја зафати екипата на Сантос Лагуна, каде 12 фудбалери беа известени дека се заразени со ковид-19.
Второто натпреварување Апертура исто така е неизвесно, а треба да започне во втората половина од јули.
Сојузот донесе интересна одлука да нема испаѓање во ранг подолу во наредните шест години. Ова ќе им се допадне на сите помали клубови во мексичката лига, кои речиси секоја година се борат за опстанок во елитата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 25 лица загинаа во поплавите предизвикани од ураганот Мелиса на Карибите
-

Трамп: Постигнат е договор со Кина за извоз на ретки метали
-

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз
-

Почнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња, в недела ќе се гласа во 32 општини и Скопје
-

Трамп најавува почеток на нови тестирања на нуклеарно оружје
-

Со потпишување на „Декларација Скопје“ завршува 14. Глобален форум за одржлива енергија
-

Студено утро, преку ден сончево
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
