-->
-->
И вбризгале цемент во образите: Доколку и го извадат, лицето ќе и се распадне!
-->
Транссексуалката Ражи Наринесинг (48) од Флорида чие лице е уништено поради вбризган цемент и гума ги моли лекарите да го отстранат од нејзиното кожа. Но тие сепак минатата година го одбиле нејзиното барање бидејќи доколку тоа го направат нејзиното лице би можело да се распадне. Сепак сега таа повторно бара помош од лекарите.
- Дадовме заклетва дека ќе помагаме на луѓето. На Ражи никогаш не и е понудено операција поради ризикот и потенцијалната опасност - рекол лекарот Тери Даброу.
Ражи била меѓу првите жртви на лажен лекар и транвестит Онил Рон Морис, кој изведувала нелегални естетски операции користејќи материјали како супер лепило, помеѓу другото. Бидејќи Ражи немала пари да оди на професионален пластичен хирург, побарала помош од Морис, а тој и вбризгала опасни материјали во образите, усните и брадата во 2005 година. Тоа довело до целосно уништување на нејзиното лице.
За да ги отстрани ужасните последици од овие зафати, Ражи во 2012 година почнала да користи ласерски третмани, а добила и инекции кои и го омекнале лицето. Таа во 2015 се надевала дека конечно цементот ќе и бие отстрането од нејзиното лице. Се обратила кај лекарите Тери Даброу и Пол Несиф, но тие ја одбиле верувајќи дека лицето може да и остане зачувано и цело само доколку не прави операции. Сепак таа повторно побарала помош од нив, но и покрај скептицизмот и операцијата која би можела многу да и наштети ветиле дека ќе ја разгледаат можноста за операција на лицето на Ражи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се претставувале како набљудувачи, МВР со детали за апсењето во Чаир
-
Трамп: Претседателот на Колумбија е шверцер на дрога
-
Излезноста до 17 часот на ниво на држава е 39,87%
-
Хрватската полиција конфискувала над 700 илјади евра пронајдени во автомобил, уапсен албански државјанин
-
Уапсен член на избирачки одбор во Чаир
-
Хамас: Пронајдовме тело на уште еден заложник, ќе го предадеме ако „дозволат условите“
-
Локални избори 2025, вести во 16:00 на Сител Телевизија
-
Мирен изборен ден во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци