И утрово исклучително висок степен на загаденост на воздухот во Белград

И утрово како и синоќа степенот на загадување на воздухот во Белград е исклучително висок, според податоци од сајтовите – беоеко и од хЕсо/инфо. Во делови од главниот град на Србија концентрацијата на ПМ2,5 честички утрово е над 160 мг/м3 (ПМ10 – над 200).
Степенот на загадување на воздухот во Белград синоќа – по 18 часот – беше меѓу највисоките во регионот со концентрација на ПM2.5 честички, 349. Максимално дозволена концентрација на ПМ 2.5-честичките во воздухот е 25 микрограми на кубен метар.
Според податоците објавени на веб-страницата xEco, највисоко загадување синоќа било измерено во Лазаревац, додека просечната концентрација на PM2.5 честички на подрачјето на градот Белград била над 200 и претставува многу лош и екстремно лош индекс на квалитет.
Покрај Лазаревац, највисоко загадување на воздухот е забележано во Вождовац (PM2.5 259) и во Гроцка (230).
Во остатокот од Србија, највисок степен на загадување беше измерен во Аранѓеловац (PM2.5 295), Прокупље (PM2.5 274), Врање (PM2.5 241), Пирот (PM2.5 240), Крушевац (PM2.5 232), Смедерево (PM2.5 222) и Краљево (PM2.5 212).
Според експертите, секоја година во Србија околу 15.000 луѓе умираат како резултат на загадувањето на воздухот, јавија српските медиуми. Метеоролозите најавија Кошава од утре претпладне.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
