Свет
28. December 2017 - 22:04

И тоа е можно: Ветар оддува авион од писта и го заби во зграда

Авион удрил во зграда на Малта, откако силен ветар го оттурнал од неговото паркинг место на аеродромот.

Авионот, што е во привнатна сопственост удрил во зградата на Меѓународниот аеродром на Малта, што се наоѓа во близина на Валета.

Итните служби веднаш се упатиле кон местото на несреќата, но не се регистрирани повреди лица.

Авионот при ударот бил празен.