Македонија
26. December 2016 - 16:43

И Тетово се бори со загаденоста

Тетово и оваа 2016 година ја завршува како еден од најзагадените градови во земјава. До вчера 25 декември се регистрирани вкупно 295 денови во кои има надминување на присуството на отровните материи во воздухот. Иако дозволени се 50 микгрограми пи-ем 10 честички во воздухот просечната концентрација за Тетово изнесува 215 пи-ем 10 честички на метар кубен, покажуваат мерењата на Министерството за животна средина за квалитетот на амбиенталниот воздух. Месецов загадувањето достигна и до 500 или десет пати повеќе од дозволеното. 
 
Аерозагадувањето ги затвора тетовци во своите домови кои патем не се осмелуваат да ги проветрат, и ги полни болничките амбуланти, велат тие. 
 
Илјадниците тони складиран смет на претоварата станица на комуналното претријатие останаа на тоа место во текот на целата 2016 година и како дива депонија продолжи да го загадува воздухот во Тетово.