И Републиканците предлагаат законски измени во однесувањето на американската полиција
Републиканската партија денеска го претстави „Законот за правда“, како директен одговор на масовните протести на јавноста за смртта на Џорџ Флојд и другите Афроамериканци во САД, пренесуваат американските медиуми.
Републиканскиот сенатор од Јужна Каролина, Афроамериканецот Тим Скот, ја предводеше оперативна група од сенатори кои го составија пакетот мерки во новиот закон.
Предлог законот од 106 страници не е толку радикален како оној што го подготвија демократите, за што ќе се гласа во Конгресот следната недела, но покажува колку брзо се преврте националната дебата на оваа тема така што републиканците го прифаќаат новиот приоритет во изборната година, забележуваат американските медиуми.
Новиот закон, инаку, би ги носел имињата на Џорџ Флојд и на Валтер Скот, кого полицијата го уби во Каролина во 2015 година.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити објави големи промени во штабот на Гвардиола
-
Пау Кубарси е „Златно момче“: Дефанзивецот на Барселона прогласен за најдобар млад фудбалер во Европа
-
Челси по пресврт до титулата во Лигата на Конференциите
-
Рубио: САД ќе почнат да ги поништуваат визите за кинеските студенти
-
Федерален суд во САД ги блокираше царините наметнати од Трамп, тој веќе поднесе жалба на судската одлука
-
Маск потврди дека ја напушта администрацијата на Трамп
-
Трајко Славески е новиот гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија
-
Собранието ќе одржи седница за пратенички прашања