Македонија
12. October 2017 - 13:14

И репетирал пиштол на продавачката, ограбена продавница во Куманово,

СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.М.(39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело “разбојништво”.

Пријавениот на 27 минатиот месец околу 19,00 часот влегол во продавница на улица „405“ во населбата “Иго Тричковиќ“ во Куманово, каде после сериозна закана, од појасот извадил пиштол којшто го репетирал и вперил во вработената, по што зел штека цигари “Малборо” и 15.190 денари од касата.

На излегување од продавницата, пријавениот ја удрил вработената со пиштолот во пределот на главата и побегнал.