Македонија
3. July 2019 - 16:19

И пратениците на СДСМ не се согласуваат со Законот за урбанизам

Работна група составена од пратеници на власта и опозицијата заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски од понеделник ќе треба да го преработи новиот законот за урбанизам, а за кој и пратениците и стручната јавност рекоа дека е лош и дека може да поттикне нов бран на урбана мафија.

Пратениците се решија на ваков чекор откако на комисијата за транспорт и врски беа пријавени дури 235 амандмани на законот што го предложи Сугаревски. Од нив поголем број, 126 беа поднесени од пратеници на владејачкото мнозинство, додека пак, остатокот беа опозициски амандмани.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара повлекување на законот, особено затоа што прво не е донесен закон за просторно планирање, што е услов за овој закон.

Можноста владата да донесува ДУП е надвор од секоја логика, а локалната самуправа е тргната на страна, да се носи закон кој не ги почитува основните начела на кои се потпира е непринципиелно, да се носи генерален урбанистички план да се носи без јавна расправа и анкета и тоа е преседан, критериумите за уредување на една градежна парцела исто така ги нема во ова законско решение и тоа се сака да се уреди со подзаконски акти што ги носи минситерот за транспорт и врски што е исто уште еден преседан и да не ги набројувам, смета Љиљана Затуроска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сугаревски пак, вели дека голем број од амандманите биле технички или пак, се повторуваат, па нема зошто да го повелече законот од собраниската процедура.

Јас би предложил, доколку собранието прифати, да одржиме неколку работни состаноси на кои би се усголасиле околку усогласување на текстот на законот, смета министерот Сугаревски.

Законот за урбанизам е во второ читање – амандманска расправа во парламентот по две ппминати јанви расправи во кој тој беше доста критикуван. Највите се дека работните групи би можеле да ги усогласат ставовите до крајот на месецот, за да продолжи собраниската процедура.