-->
-->
И понатаму се невини: Жени кои никогаш немале секс раѓаат деца!
-->

Жените кои никогаш во животот немале сексуални односи, раѓаат деца после одење во ин витро оплодување, велат лекарите. Младите жени од Велика Британија, кои се хетеросексуалки, во своите дваесетти години чувствуваат дека се подготвени да станат родители и се одлучуваат на ваков чекор.
Некои од нив кои веќе имале „безгрешно раѓање“, изјавиле дека не можеле да го пронајдат својот вистински партнер, додека некои пак изјавиле дека го направиле тоа бидејќи имале страв од секс.
Има и некои религиозни групи кои велат дека детето треба да расте во традиционално семејство, но еден од докторите тврдел дека самохраните мајки често се емотивно и финансиски постабилни.
Истражување кое било направено во САД во 2013 година покажало дека 1 од 200 жени забремениле и покрај тоа што немале сексуални односи. 31% од овие жени признале дека потпишале и дале ветување дека немат да имаат секс, а често тоа го прават од религиозни причини. Дури 28% од родителите на овие девојки изјавиле дека многу ретко разговарале со нив за секс и контрацепција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
