И полазаа морници кога ја виде својата слика од креветот: Убедена е дека ја сликал дух, немало никој во куќата додека спиела
Дебра Дементриод во недела ги листала фотографиите на новиот мобилен телефон кога здогледала една од кој и се заледила крвата во вените.
Матна глетка од неа како спие снимена од подножјето на креветот ја исполнил со мориници и страв.
„Немаше никој во куќата во тоа време - бев тотално надвор од себе“, рече оваа мајка на две деца. Нејзиниот постар син отишол на работа 45 минути пред тоа, а најмладиот бил со таткото. Куќата била заклучена, недопрена од претходната вечер, а немало и никакви траги од провала.
„Знам дека тоа не смее, ама мобилниот телефон ми беше под перницата кога заспав и беше таму и кога се разбудив. Ја проучував сликата некое време за да го проценам движењето, но гледата и сами дека двете раце ми се на страна, така што не би можела да направам селфи. Покрај тоа, очите ми се полуотворени, некој да бил во собата, сигурно би го видела. Уверена сум дека немаше никој во куќата“, рврди Дебра.
Застрашувачката фотографија не и дава мир и не престанува да размислува за тоа како настанала. Истражител ја проучил сликата и признава дека е страшна.
„Духовите прават се за да го привлечат вниманието. Ако некој починал во последните година дена, тоа би можел да биде тој“, објаснил истражителот.
Дебра ги изгубила родителите, но не неодамна. Сепак, признава дека ова не е првпат да и се случуваат чудни работи. Фотографиите од последниот роденден на синот наводно уловиле духови на покојните членови на семејството. Пријателите ја советувале да оди во полиицја за да се смири, но засега нема да преземи толку драстични чекори. Се надева дека некој од луѓето ќе и понуди одговор на прашањето кој би можел да ја слика во креветот.
Ново на Сител
-
Мицкоски - Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика
-
Физички нападнат 51-годишник од две лица по претходна случена сообраќајна несреќа
-
Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
-
Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје
-
Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани
-
Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа