И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
Дел од македонската Фаланга успеа да истакне знаме со сонцето од Кутлеш, без разлика на забраните и конфискацијата на знамиња предвидени од кодексот на однесување објавен од Хрватската ракометна федерација.
Федерацијата пред неколку дена најави забрана на влез со „спорни“ знамиња кои не се официјални државни симболи. Обезбедувањето запленило неколку при претрес на посетителите, но и покрај тоа, сонцето од Кутлеш може лесно да се запримети во публиката.
Македонија на полувремето има нерешен резултат со Унгарија. Избраниците на Кире Лазаров имаа и 4 гола водство, но Унгарија ги искористи неколкуте грешки во крајот на првото полувреме и успеа да го израмни резултатот.
Наш најдобар стрелец во првото полувреме е капитенот Кузмановски со пет постигнати гола.
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара