И општините да повлекуваат средства од ИПАРД

И општините да се насочат кон повлекување на ИПАРД средствата зашто Програмата овозможува реализирање голем број мали проекти од 10.000, 20.000 и 50.000 евра, беше речено на денешната конференција за менаџирање и искористување на ЕУ фондовите во Стопанската комора на Македонија.
Според словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, не е лесно да се дојде до европските пари зашто процедурите се комплексни и бирократски комплицирани. Оттука, е неопходно конкретно знаење, но и конкретна помош на терен.
- Идниот месец во Македонија ќе дојде словенечки тим кој ќе ги пренесе нашите искуства, ќе овозможи ноу-хау кој и е потребен на Македонија за ефикасно искористување на ЕУ фондовите, нагласи Јазбец.
Директорот на Платежната агенција на Македонија, Николче Бабовски рече дека е најдобро земјава да се фокусира на правење добар, квалитетен и конкурентен производ кој ќе и овозможи и на преработувачката индустрија да повлече што повеќе пари.
Како што информира Бабовски, за ИПАРД 2 досега се потпишани преку 100 договори за повеќе од 4,6 милиони евра кофинансирање, најмногу во преработувачката индустрија и за обнова на земјоделската механизација.
Доректорот најави дека за еден до 1,5 месец ќе биде распишан нов повик.
- Интересот е голем и кај земјоделците и кај преработувачката индустрија, а тоа го потврдува и бројот на апликации кои на првиот повик од ИПАРД 2 достигна 1.648. Ќе направиме се за максимално да ги искористиме средствата од ЕУ, потенцира Бабовски.
На конференцијата во Стопанската комора беше нагласено дека Платежната агенција на Словенија 99,9 отсто е компјутеризирана и работи електронски.
- Го поедноставивме процесот со што сите наши корисници добиваат информации веднаш. Се врши и тн.крос-чекинг, рече директорот на Агенцијата за земјоделство и рурален развој на Словенија, Бенедикт Јеранко.
Македонија до 2020 година има на располагање вкупно 80 милиони евра за земјоделството од кои 60 милиони европски пари и 20 милиони домашна поддршка.
Во обраќањето на конференцијата директорот на Платежната агенција Бабовски потсети дека изминатите години Македонија не може да се пофали дека ги искористила средствата од ИПАРД зашто повлечени биле само 17 отсто, а тоа Европската комисија во последниот извештај за напредокот го квалификува како незначително.
- Слабата екипираност, недоволната информираност и едукација на земјоделците беа клучните причини за слабото искористување на европските пари. Новата Влада го препозна ова и веднаш се зафати со надминување на слабостите, подвлече Бабовски додавајќи дека на македонскиот аграр му е неопходно модернизирање со паралелно прилагодување кон европската регулатива.
Ново на Сител
-

Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме
-

Поранешниот директор на СОЗР со владин авион и службена картичка патувал и плаќал за приватни потреби
-

Едногласна доверба за нови успеси – проф. д-р Влатко Неделковски избран за нов мандат за декан на ФФОСЗ
-

Литванија стравува од можни руски напади врз клучна инфраструктура
-

Во касарната „Гоце Делчев“ постројување на доброволните пожарникари од целата држава
-

Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
-

СП 2026: Дешан – Многу сме разочарани
-

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани
