И најмладиот син на Трамп влегува во политика
Иако сè уште нема завршено матура и средно училиште, Барон Трамп, најмладиот син на Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, влегува во политичката арена. Имено, како што пренесува „Politico.eu“, Барон Трамп (18) е избран за делегат на Републиканската партија на националната конвенција.
Барон и другите двајца синови на Трамп, Доналд Трамп Јуниор и Ерик Трамп, ќе бидат партиски делегати од Флорида, каде што Трамп се пресели по напуштањето на Белата куќа. Интересно е што за делегат е избрана и помладата ќерка на Трамп, Тифани Трамп Булос, како и нејзиниот сопруг Мајкл.
Делегатите на Републиканската партија ќе учествуваат на националната конвенција што ќе се одржи во јули во Милвоки.
Иванка Трамп е единственото од петте деца на Трамп што остана надвор од политиката откако беше негов постар советник за време на неговиот четиригодишен мандат во Белата куќа. Како и нејзините други браќа и сестри, и таа се преселила на Флорида.
Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека Трамп води пред Џо Бајден на Флорида за повеќе од десет процентни поени. Тој победи на изборите во оваа држава во 2016 и 2020 година.
Ново на Сител
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025