И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ

Казни во вредност од осум илјади и триста и педесет евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на четиринаесет оператори со храна – месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли. Надзорите, беа спроведени на 30 април годинава на целата терирорија на државава. Како небезбедни уништени се 323 килограми храна.
Со спроведените контроли на месарниците во земјава издадени се 23 решенија за отстранување на утврдени недоследности. Тројца оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 7 се утврдени недостатоци во поглед на спроведувањето на правилата на добра производстевна и хигиенска пракса, а 4 месарници немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените.
Неправилности во поглед на означувањето на призводите утврдени се кај тројца оператори со храна – месарници, а толкав број утврдено е дека не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
-

Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч
-

20 диви депонии низ Прилеп
-

Втор ден дебата за Буџетот
-

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди тврдат дека коалицијата на Ахмети се распаѓа, ДУИ негира
