Бизнис
29. September 2022 - 16:36

И Ковачевски и Мицкоски претставија план за справување со енергетската криза

Парно ќе има од стартот на грејната сезона. Премиерот Ковачевски потврди дека е отпочната процедура за издавање лиценца за производство на топлинска енергија според член 6 од законот за енергетика, што практично ќе значи земање под закуп на топланите на Адора.

Основните и средните училишта, како и болнциите ќе бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија, најави премиерот. Според него, тоа нема да ја дестабилизира цената на струјата за домаќинствата, а ќе биде големо олеснување за овие институции.

Опозицискиот лидер Мицкоски ја оцени ваквата прес конференција како панична реакција на Владата. Смета дека ништо од ветувањата не е целосно договорено.

Тој уште еднаш повтори како да се обезбеди струја и заштедат пари.

На предлогот на Ковачевски контактите за набавка на евтина струја да ги достави до ЕСМ или до Министерството за економија, Мицкоски рече дека е несериозен пристап и го покани политичкиот опонент на тв дуел.

На владините одлуки реагираше и Левица. Оттаму прашаа Зошто со мерките се избегнати сите државни институции, јавни и државни компании, општини и комунални претпријатија и апелираа владата да прекине со импровизации.