И Кен добива нов изглед

Пред неколку дена беше објавено славната кукла Барби добила три различни трансформации: поситна, повисока и пополничка верзија.
Токму поради тоа, логичен следен чекор беше сето тоа да го добие и нејзиното момче Кен, кој исто така често беше на мета на критиките поради неговиот „совршен изглед“.
Кен би требало да добие шест нови верзии, но тоа засега не е официјално, туку е само идеја на уметникот Џејми Филипс и онлајн продажната страна „Луст“.
Така Кен сега би можел да добие верзија со ситна градба, со стомак, со хипстерска брада и очила, прокелав, како и на Афроамериканец и на Азиец во костум.
Тимот ги анализирал најпопуларните модни производи кои мажите ги купуваат во последен период и ги искомбинирале со демографските податоци на своите клиенти. Според податоците на компанијата, хипстерот Кен моментно е најпопуларен, па постои можност овие модели наскоро да почнат да се произведуваат.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
