И канадска фирма најверојатно собирала податоци на корисници на Фејсбук

Компанијата Фејсбук соопшти дека прекинала соработка со канадска фирма за консултантски услуги во политиката Егригејт Ај-Кју (Aggregate IQ) откако е објавено дека е можно таа фирма на несоодветен начин да имала пристап до лични податоци на корисници на Фејсбук.
– Поради неодамнешни наводи дека е можно Егригејт Ај-Кју да е поврзан со Ес-Це-Ел и дека е можно како резултат на тоа, на несоодветен начин да добиле податоци за корисници на Фејсбук, ги додадовме на листата на ентитети со кои прекинуваме соработка додека трае нашата истрага, се вели во соопштение од Фејсбук.
Ес-Це-Ел е скратеница за фирмата Лаборатории за стратешки комуникации кои имаат догвоор со владата и армијата и сопственик е Кембриџ аналитика.
Според Кристофер Вајли, кој откри за потезите на Кембриџ аналитика, Егригејт Ај-Кју примале пари од групи за кампања за напуштање на Велика Британија на Европската унија пред гласањето за референдумот во 2016 година.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
