И ја отсекол главата на змијата, па жестоко зажали: Одмаздата од убиената ѕвечарка беше брутална!
Тексашанец, кој и отсекол глава на змија - ѕвечарка, го каснала по што му требало 26 дози противотров за да преживее.
Како што изјави Џенифер Сатклиф, нејзиниот сопруг работел нешто во градината и здогледал ѕвечарка долга 1,25 метри, на која потоа и ја отсекол главата.
Кога ги собирал остатоците од змијата, него всушност го каснала главата на змијата, чиј рефлекс за каснување трае и по неколку часа откако ќе угине.
Жената рече дека нејзиниот сопруг веднаш добил напад, поради што е префрлен во болница каде примил 26 дози антидот.
Повеќе од недела дена му биле потребни на Тексашанецот пак да биде во стабилна состојба, иако со нешто послаба функција на бубрезите.
Лекарката Лесли Бојер од Универзитетот во Аризона ги предупреди граѓаните да не ги убиваат змиите, посебо не така што ќе им ги отсечат главите.
„Тоа е сурово кон животното и остава мал дел кој е отровен, а кој исто така може да касне“, рече Бојер за сајтот Гизмодо.
Ново на Сител
-
Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, но не на сметка на руските интереси
-
Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
-
Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат
-
Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица
-
Во израелските напади загинаа 17 Палестинци во Газа, соопштија локалните медицински лица
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Руското Министерство за одбрана извести за 42 соборени украински беспилотни летала во текот на ноќта
-
Властите го товарат напаѓачот на божиќниот пазар во Магдебург за пет убиства