Македонија
17. May 2019 - 15:43

И градоначалникот на Берово си заработи кривична пријава - еве што направил

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Делчево поради постоење основи на сомнение за  сторено  кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Во текот на 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Пехчево, без да спроведе постапка за јавна набавка, склучил договори за сервисирање на улично осветлување со две физички лица од Пехчево, со што истите се стекнале со противправна имотна корист од 76.000 денари на штета на буџетот на општина Пехчево.